Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

04.11.2023 20:07 | Жаклина Цветковска

Од 18.15 часот сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран и се одвива непречено, без застои и ограничувања, информираат од АМСМ.

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Прекинот на двете коловозни ленти го предизвика одрон од карпи како последица на обилните врнежи на дожд кај „Ругинска кривина“ во село Ругинце, по што целокупниот сообраќај се пренасочуваше по алтернативната делница, односно по стариот пат Куманово - Крива Паланка.

Сообраќајот на магистралниот пат А2  беше во прекин од околу 12 часот, по што екипи на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта "Македонија пат" беа на терен и работеа на расчистување на оваа делница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk