Нов колективен договор за вработените во Општина Крива Паланка

25.10.2022 13:20 | Жаклина Цветковска

Вработените во Општина Крива Паланка добија нов колективен договор, кој беше потпишан од градоначалникот Сашко Митовски, а со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите на општинската администрација.

Нов колективен договор  за вработените во Општина Крива Паланка

Според новиот колективен договор вработените ги следува: усогласување на платите со порастот на минималната плата од јануари 2023 година, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и  можност за исплата на 13-та плата. 

„На општо задоволство на сите вработени во Општина Крива Паланка беше потпишан нов колективен договор за вработените. Од име на општината го потпишав договорот заедно со Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Крива Паланка Зоран Павловски.  Преку социјален дијалог ги решаваме заеднички проблемите и барањата на нашите вработени“, истакна Митовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk