Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.
"Утрово потпишавме договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Тие ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнуваат редовните авионски линии Стокхолм- Скопје и Мадрид- Скопје, а од декември Бари- Скопје, Келн- Скопје и Прага -Скопје“, кажа министер за транспорт Александар Николоски.
Авиокомпанијата „Визер“ ќе добие субвенции од Владата за овие пет нови авиолинии.
Со новите пет за една година се отворени 16 нови авиолинии.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk