Обезбедени 2 милиони денари за ромската населба „Единство“

14.12.2021 11:06 | Жаклина Цветковска

Со инвестиција вредна 2 милиони денари ќе се реконструира пристапниот пат во ромската населба „Единство“, на потегот од поранешниот Ловечки дом до Радевска маала и дел од пристапната улица „Пиринска“.

Обезбедени 2 милиони денари за ромската населба „Единство“

Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку програма за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите.

„Ова е уште еден значен проект за секојдневното функционирање на граѓаните од овој дел на Крива Паланка и во наредниот ќе продолжиме на подобрување на инфраструктурата и другите потреби на населението“, истакна градоначалникот Сашко Митовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk