Од 1 март повисоки плати за 7 отсто за вработените во основните и средните училишта

21.02.2025 08:46 | KumanovoNews

Мартовската плата на вработените во основните и средните училишта, која ќе се исплати во април, ќе биде повисока за 7 отсто.

Од 1 март повисоки плати за 7 отсто за вработените во основните и средните училишта

Mинатата година за вработените имаше зголемување од 5 проценти. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера се  сретна со Јаким Неделков, претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), при што било разговарано за новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта.

„Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна“, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација.

Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk