Одбележан Денот на Европа во Крива Паланка

09.05.2021 11:17 | KumanovoNews

Денот на Европа „9 Мај“ беше одбележан во Крива Паланка со пригодна свеченост на која учествуваа млади локални уметници.

Одбележан Денот на Европа во Крива Паланка

Годинава, овој значаен датум, посветен на промоција на европските вредности, се одбележува под мотото „Европска музичка поезија и сите бои на Европа“ , кои симболично се интерпретираат преку креативниот израз на музиката, сликарството и воопшто уметничкото творештвото.

„Во услови на пандемија, годинава Денот на Европа го одбележуваме скромно, според протоколите, а местото им го отстапуваме на младите кои се нашата европска иднина. Остануваме посветени на нашите европски цели и како општина вредно работиме на достигање на европските стандарди“, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На уметничкиот хепенинг по повод Денот на Европа, кој се одржа на плоштадот „Карпошово востание“, учествуваа младите музичари од училишниот оркестарот при ООУ„ Јоаким Крчовски“ под раководство на проф. Лариса Жулина Митовски и членовите на Ликовното студио при НУ Центар за култура од Крива Паланка, под менторство на проф. Роберт Цветковски.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk