Општина Крива Паланка додели 40 стипендии за талентирани ученици и спортисти

15.11.2023 12:44 | Жаклина Цветковска

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, врачи вкупно 40 договори  за стипендирање на талентирани средношколци, студенти и спортисти за 2023/2024 година.

Општина Крива Паланка додели 40 стипендии за талентирани ученици и спортисти

Најмногу стипендии, вкупно  18 се доделени на ученици спортисти во инивидуални и екипни спортови, 17 се наменети за талентирани ученици и студенти и 5 за  субвенционирање  на превоз на студенти.

„ Вложувањето во младите и спортот и е еден од нашите  врвни приоритети. Општината продолжува со стипендирањето и поддршката за младите, зошто тие се гордост на целата заедница“, рече Митовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk