Општина Крива Паланка ќе додели финансиска помош за настраданото население во Украина

05.03.2022 14:23 | Жаклина Цветковска

Советот на Општина Крива Паланка на вонредна седница донесе одлука за  доделување на еднократна финасиска помош од општинскиот буџет за настраданото население во Украина.

Општина Крива Паланка ќе додели финансиска помош за настраданото население во Украина

 Советот на Општина Крива Паланка на вонредна седница донесе одлука за  доделување на еднократна финасиска помош од општинскиот буџет за настраданото население во Украина.

Одлуката е донесена на иницијатива на градоначаникот Сашко Митовски, а  врз основа на одличната соработка со Амбасадата на Украина во РС Македонија и со амбасадорката Наталија Задорожњук, која е прогласена за почесен граѓанин на Општина Крива Паланка, како и плодната соработката со   збратимениот украински град Перечин.

„Ова е  симболичен гест, со кој Општина Крива Паланка  ја покажува солидарност и хуманост, како и  вистинското пријателство во  најтешките моменти за недолжниот народ на пријателска Украина“, изјави градоначалникот Митовски.

Тој оствари и телефонски разговор со амбасадорката на Украина во Р.С. Македонија, Наталија Задорожњук, како и со градоначалникот на збратимениот град Перечин, Иван Погорељук на кои им изрази поддршка и надеж  за што поскоро смирување на сегашната состојба.

                                                                                                                                               

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk