Општина Крива Паланка ќе го субвeнционира купувањето велосипеди на младите

02.01.2024 13:57 | Жаклина Цветковска

Општина Крива Паланка ќе  ги стимулира младите кои ќе купат велосипед  во 2024 година,  со покривање на дел од трошоците за набавка на ова превозно средство.

Општина Крива Паланка ќе го субвeнционира купувањето велосипеди на младите

Субвенционирањето од страна на општината ќе изнесува  50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице.

Право на  оваа финансиска поддршка имаат сите млади според Законот за младинско учество и младински политики , на возраст од 15 до 29 години, кои треба да се жители на Општина Крива Паланка и кои купиле велосипед во  2024 година.

Субвенциите  ќе бидат доделени  по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства од буџетот на општината за 2024 година.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk