Општина Крива Паланка меѓу „300 најуспешни“ во Средна и Југоисточна Европа

21.10.2021 08:46 | Жаклина Цветковска

Општина Крива Паланка се најде во групата „300 најуспешни“ од Средна и Југоисточна Европа и е меѓу 7-те добитници на најпрестижните награди што ги доделува реномираната организација „ Глобал Локал“.

Општина Крива Паланка меѓу „300 најуспешни“ во Средна и Југоисточна Европа

Признанието го добива за особени залагања во развојот на локалната заедница, а наградата ќе ја прими градоначалникот Борјанчо Мицевски на Регионалниот самит за претприемништво, кој ќе се одржи деновиве во Дубровник, Хрватска.

Крива Паланка е единствена општина од Македонија која е во групата на најуспешните, каде се вбројуваат поединци, менаџери, бизнис секторот, компании, плански региони, локални самоуправи и други организации и институции.
Наградите се доделуваат за 2020 година, кога заради пандемијата настанот беше одложен.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk