Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка и оваа учебна година обезбеди бесплатни школски униформи за сите ученици од основните и средното училиште на територијата на општината.
Со оваа мерка, која се спроведува втора година по ред, локалната самоуправа покажува континуирана грижа за најмладите и посветеност кон создавање еднакви услови за сите ученици.
Целта на проектот е да се поддржат семејствата, да се намалат финансиските трошоци за почетокот на учебната година и да се промовира чувство на припадност и дисциплина меѓу учениците.
„Со оваа иницијатива обезбедуваме еднакви можности за раст и развој на секое дете. Нашата цел е да создадеме општество во кое секој ученик ќе се чувствува поддржан и вреднуван,“ порачуваат од Општина Крива Паланка.
Проектот, според локалните власти, претставува инвестиција во иднината и во образованието како основа за општествен напредок.
Сè што прават, како што велат од општината, го прават „со љубов, визија и грижа за секое дете од Крива Паланка“.
(Фото: Општина Крива Паланка)
Никола Митовски
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk