Оштетени 40 километри патишта од невремето во Крива Паланка , градоначалникот бара државна помош

03.07.2024 13:16 | Жаклина Цветковска

Над 40 километри земјени патишта се оштетени во невремето што деновиве ја  зафати и општина Крива Паланка, која беше подогена од  обилни врнежи од дожд и град.    

Оштетени 40 километри патишта од невремето во Крива Паланка , градоначалникот бара државна помош

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја повика Владата да обезбеди  државна помош и поддршка од надлежните национални институции и претпријатија за справување со штетите од невремето што општината не е во можност сама да ги санира.

„Бараме државна помош за брза санација и ефикасно справување со последиците, со цел избегнување поголеми проблеми за локалното население во руралните средини и големиот број оддалечени села каде се настанати штетите. Општина Крива Паланка работи темелно, но решавањето на настанатата состојба, но  не е можно без неопходната поддршка од надлежните институции“, изјави градоначалникот Митовски.

Само за потсетување, по силното невреме во јуни минатата година, Општина Крива Паланка заедно со ЈП Државни патишта и тимовите на инженерскиот вод на АРМ,како и со сите локални служби и расположливи човечки ресурси, успеа навремено да ги санира штетите и да ги врати во првобитна состојба локалните патишта .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk