Отсекот за превенција одржа состанок во Липково, апелираше да не се користи огнено оружје на прослави

04.08.2022 21:32 | Сузана Николиќ

Отсекот за превенција при СВР Куманово оддржа работен состанок со претставници од месните заедници, Исламската верска заедница и угостителски објекти во Општина Липково.

Отсекот за превенција одржа состанок во Липково, апелираше да не се користи огнено оружје на прослави

Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, на средбата било разговарано за вклучување на локалните заедници во спречување на одредени негативни појави особено во летниот период, како и за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

„Присутните дадоа поддршка на активностите на полицијата, особено во превенирање и спречување на појавите како што се неовластено пукање со огнено оружје на свечености, спречување на настанување пожари, безбедност во сообраќајот, нарушување на јавниот ред и мир и други“, соопштуваат од Отсекот за превенција.

Тие со активностите ќе продолжат и во наредниот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk