Отворен Дневен центар за стари лица во Крива Паланка

28.08.2023 18:53 | Жаклина Цветковска

Модерен и современ дневен центар за стари лица денеска свечено беше пуштен во употреба во Крива Паланка, во рамките на прославата за Голема Богородица и патрониот празник на градот „Св. Јоаким Осоговски“.

Отворен Дневен центар за стари лица во Крива Паланка

Дневниот центар е наменет за највозрасните жители од општината и  ќе одговори на потребите на граѓаните.

„Како министерство нашата цел е да создадеме рамка која ќе значи поголема социјализација, активно живеење и што поголемо вклучување на оваа категорија на граѓани во општеството.  Ги повикувам пензионерите да ја користат оваа услуга, а ние ги следиме и ги подобруваме социјалните услуги, кои се достапни и во најодалечените места. Покрај центрите  за престој на стари лица со активно стареење, дел од социјалната реформа е и услугата за помош и нега во домот, која е наменета исто така за оваа категорија на граѓани“, истакна министерката за труд и социјална политика , Јованка Тренчевска.

Проектот е вреден 5.7 милиони денари, обезбедени преку проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, а дел кофинансира и општината. Давател на услугите е Црвениот крст од Крива Паланка, кој е достоинствен партнер  со исклучителна грижа за возрасните.

Со отоврањето на овој центар ќе се обезбедат  подобри и поквалитетни социјални услуги и  ќе се збогати видот на услуги за највозрасната категорија граѓани.

„Општина Крива Паланка изготви и проект за изградба на Дом за стари лица, постојано сме во корелација со плановите на Министерството за труд и социјална политика и истиот веќе е  ставен во програмата на министерството. Целта е да се обезбедат квалитени услуги  за граѓаните во добра соработка помеѓу централната и локалната власт“, подвлече градончалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk