Отворена средба на граѓаните со локалнат инспекциска служба во Крива Паланка

07.07.2022 14:21 | Жаклина Цветковска

Во Општина Крива Паланка денес се оддржа  отворена средба на граѓаните  со локалната инспекциска служба, насловена како инфо- средба „Запознај го својот инспектор“.

Отворена средба на граѓаните со локалнат инспекциска служба во Крива Паланка

Сите заинтересирани граѓани и претставници на граѓанските организации од Крива Паланка имаа можност да се запознаат и да разговараат со локалните општински инспектори за нивната работа, за нивните надлежности, за нивната основна функција,за начинот на кој може да пријават проблем и да побараат да се изврши инспекциски надзор, вклучително и да се информираат за постапките и процедурите за вршење инспекциски надзор.

Инфо – средбата „Запознај го својот инспектор“ има за цел локалните инспекциски служби да ги  доближи до граѓаните, да се зајакне соработката и двонасочната комуникација меѓу нив, но и да се разберат заедничките проблеми и предизвици со кои се соочуваат.

Генералниот заклучок е дека на граѓаните им треба поддршка за да бидат информирани и добро упатени за постапките за пријавување на проблеми, кои ,пред се, треба да бидат во насока на  заштита на јавниот интерес.

Граѓаните  и локалните инспектори, дадоа повеќе препораки за надминување на проблемите и  за обезбедување на подобри услуги.

Инфо-средбите се дел од проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, што го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, во партнерство со РЦС„Спектар“ од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, со поддршка од програмата Цивика Мобилитас.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk