Пакети со храна и зимски јакни за лицата со попреченост обезбеди Општина Старо Нагоричане

06.12.2023 11:11 | Оливера Пешевска

Општина Старо Нагоричане на лицата со попреченост им подели пакети со храна, хигиенски средства и зимски јакни по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост - 3 декември.  Со донацијата се опфатени  26 лица од сите возрасти кои живеат на територијата на општината.

Пакети со храна и зимски јакни за лицата со попреченост обезбеди Општина Старо Нагоричане

„Ова е традиционална акција која ја оддржуваме секој година од 2009 година, кога јас станав советник. Значи, најмалку 14 години посветуваме внимание и донираме мала помош за нашите сограѓани кои живеат со ментална или физичка попреченост. Тоа е убава традиција на која се радуваат и лицата, но и нам, на општинската администрација ни претставува особено задоволство“, истакна Бобан Цветановски,заменик-градоначалник.

По врачување на помошта, општинската администарација во неформална разговор се запознала со недостатоците, проблемите и потешкотиите со кои секојдневно се среќава ова категорија на граѓани. Локалната власт од таму црпи насоки за тоа како на најефикасен начин би пружила помош и поддршка на сограѓаните со потешкотии.

Донацијата е обезбедена од буџетските средства на Општина Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk