Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка усвоени се нови мерки од програмите за образование и социјална и детска заштита.
Една од мерките е месечна субвенција од 2.000 денари за секој запишан ученик во прва година во СОУ "Ѓорче Петров" во учебната 2024/25 година. Дополнително, во партнерство со Црвениот Крст, ќе се обезбеди еднократна финансиска поддршка - ваучер од 8.000 денари за купување гардероба за корисници од Дневниот центар и лица од згрижувачки семејства.
Општината ќе обезбеди униформи за секој ученик од средното и основните училишта во општината. Исто така, во соработка со Фондацијата "Со срце за Крива Паланка," ќе се додели еднократна парична помош од 3.000 денари за лица со попреченост.
Никола Митовски
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk