Поделени над 500 хуманитарни пакети во Крива Планка и Ранковце

10.09.2021 08:43 | Жаклина Цветковска

Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка дистрибуираше вкупно 549 хуманитарни пакети на ранливи семејства во
општините Крива Паланка и Ранковце.

Поделени над 500 хуманитарни пакети во Крива Планка и Ранковце

Пакетите, кои вклучуваат хигиенски производи, им се доделени на ранливите групи за полесно справување со состојбата предивикана од ковид-19.

Оваа хуманитарна помош, која се распределува преку ЦК на РСМ, е обезбедена од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка, а корисните се избрани според списоци на МТСП.

„Заедно со пакетите, поделени се и лектирни изданија на учениците, во зависност од тоа дали и колку деца има во семејствата“, истакна секретарот на ООЦК Крива Паланка, Дарко Пешовски.

Инаку, на територијата на целата држава, Црвениот крст на РСМ има дистрибуирано вкупно 55.488 пакети на ранливи семејства.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk