Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка во текот на 2024 и 2025 година поднело повеќе кривични пријави против сопственици на домашни животни – крави, соопшти денеска СВР Куманово.
„Пријавите се однесуваат на загрозување на сигурноста, насилство, спречување службено лице при вршење службени дејствија, а исто така во ОВР Крива Паланка биле евидентирани и неколку нарушувања на јавниот ред и мир со физички напади помеѓу сопствениците на домашните животни и месното население, за кои биле преземени соодветни мерки“, стои во соопштението.
Понатаму се наведува дека СВР Куманово – ОВР Крива Паланка постапувале согласно законските надлежности по сите пријави.
„За одземање на домашните животни од сопствениците надлежна е Агенцијата за храна и ветеринарство, при што полициските службеници од ОВР Крива Паланка неколку пати обезбедиле асистенција“, додаваат од секторот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk