Показна вежба за справување со физичко и психичко насилство во училиштата

19.10.2022 13:50 | Жаклина Цветковска

Со симулација на  физичко и психичко насилство во СОУ „Ѓорче Петров“ и мерки за справување, Локалниот совет за превенција на општина Крива Паланка ја проверуваше ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување при вакви случаи.

Показна вежба за справување со физичко и психичко насилство во училиштата

Тактичко-показната вежба се реализираше според изработено сценарио и оперативен план за превентивни постапки во случај на насилство, со план за комуникација и координација, план за евакуација и план за симулација на насилство и транспорт на повредените.

„Учениците од СОУ Ѓорче Петров, професорите и сите останати присутни, имаа несекојдневна можност да присувствуваат на симулацијата и да се запознаат со сите мерки и механизми за превенција и справување со насилството во училиштата“,велат од Локалниот совет за превенција.

Навиот состав на Локалниот совет за превенција работи активно и за неполн месец од неговото конституирање ова е трета по ред активност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk