Поради свлечиште затворени пат и улица во Крива Паланка

02.03.2024 09:48 | Оливера Пешевска

Поради свлечишта и нивна санација непроодни се неколку патишта во Крива Паланка, известува Регионалниот центар за управување со кризи.

Поради свлечиште затворени пат и улица во Крива Паланка

„Во Општина Крива Паланка стариот манастирски пат е времено затворен за сообраќај, заради санација на свлечиште и изведба на истражни работи преку длабински истражни дупнатини. Граѓаните се известуваат и дека поради изведување на градежни работи, ќе биде затворен за сообраќај делот од улицата „Св.Јоаким Осоговски“ на потегот од долот во населбата „Единство“ до влез на Зелен пазар, во должина од околу 200 метри. Исто така, делот од пристапниот пат кон улицата „Калин Камен“, над свлечиштето на улицата „Св. Јоаким Ососговски“ кај Осички Мост е веќе целосно затворен за сообраќај заради изведба на истражни работи преку изведување длабински дупнатини на оваа локација“, соопштува ЦУК.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk