Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска се потврдени кај угинати гаврани, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во периодот од 24 до 27 август до АХВ пристигнале повеќе од 130 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици. Сепак, дел од птиците биле во напредна фаза на распаѓање и не биле погодни за лабораториско испитување, поради што не секоја пријава можела да резултира со земање примерок.
Досега се добиени три позитивни лабораториски резултати. Вирусот е потврден кај два угинати гаврани пронајдени на подрачјето на Скопје и кај еден гавран пронајден во Ресен.
АХВ најави дека ќе продолжи со активностите за следење на епидемиолошката состојба и проценка на ризикот од инфекции со вирусот на Западнонилска треска на целата територија на државата.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk