Празнично ретро шоу на автомобили - олтајмери во Крива Паланка

03.05.2024 12:17 | Жаклина Цветковска

 На Градскиот плоштад во Крива Паланка, утре /сабота/ од 11 до 13.30 часот ќе се одржи Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството.

Празнично ретро шоу на автомобили - олтајмери во Крива Паланка

Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили,  стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.

Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во  соработка со Клубот "Олдтајмер Витези" од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.

„Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја“, велат организаторите.

Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.

Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.

Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk