Приведен Турчин за фалсификувана зелена карта

08.05.2021 10:43 | KumanovoNews

Вчера, во 08.45 часот, на граничниот премин „Деве Баир“, на влез во државата, при извршена контрола на У.М.Н.(28) од  Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека за полуприколката поседувал фалсификувана зелена карта.

Приведен Турчин за фалсификувана зелена карта

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk