Приведен возач од липковско, возел 108 км на час во населено место

25.03.2025 14:03 | KumanovoNews

На регионален пат Куманово - село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, вчера во 11.30 часот го привеле Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.

Приведен возач од липковско, возел 108 км на час во населено место

„При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член  297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk