Промовиран експерименталниот филм "Седиментација на движењето" на авторките Кирила Цветковска и Вера Залуцкаја

18.12.2023 13:11 | Жаклина Цветковска

Во Градскиот музеј од Крива Паланка беше промовиран експерименталниот филм "Седиментација на движењето" чии авторки се Кирила Цветковска од Македонија и  Вера Залуцкаја од Белорусија, која живее и работи во Варшава , Полска. Авторка на музиката е  Олга Маркоуска  од Полска.

Промовиран експерименталниот филм "Седиментација на движењето" на авторките Кирила Цветковска и Вера Залуцкаја

Цветковска и Залуцкаја се историчарки на уметност, независни истражувачки и кураторки кои работат на актуелни теми, со посебен фокус на социјалниот контекст на движењата, миграциите, органичуваата  и општествените процеси. Опкружувањето и актуелните случувања се тема и на нивиот прв заеднички експериментален филм.

„Недостатокот на влијание во современиот свет каде политиката доминира во животот на луѓето, го зајакнува пријателството и помага индивидуите да не се изгубат во ффрустрациите. Тие ја користат моќта на креативноста и имагинацијата  за да одговорат на овој глобален предизвик“, велат авторките.

Филмот е снимен во рамките на истоимениот проект "Седиментација на движењето" финансиран од Министерството ѕа култура и  Општина Крива паланка, а истовремено е поддржан и од Институт „Адам Мицкиевич“ кој е кофинансиран од Министерството за култура и национално наследство на Република Полска.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk