Пронајден дел од човечки труп на ливада во Конопница

13.06.2022 17:51 | Жаклина Цветковска

Дел од човечки труп и облека биле пронајдени вчера попладне во ливада во кривопаланечкото село Конопница, кое се наоѓа на само неколку километри од градот.

Пронајден дел од човечки труп на ливада во Конопница

Според МВР, вчера, во 17.24 часот, во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во ливада во атар на село Конопница, кривопаланечко, бил пронајден дел од човечки труп и облека.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена и обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk