Пронајдено телото на 30-годишникот од Никуштак кој исчезна во езерото Глажња

03.08.2023 15:36 | Оливера Пешевска

Денеска околу 15 часот пронајдено е телото на 30- годишниот Ф.Р. од водите на езерото Глажња, потврдија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Пронајдено телото на 30-годишникот од Никуштак кој исчезна во езерото Глажња

Телото го пронале нуркачи на специјалните единици Тигри и армиските Волци, со помош на екипи на Дирекцијата за заштита и спасување.  Телото ќе биде предадено на обдукција.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска беше на терен, при што кажа дека условите за претражување се лоши.

„ После петдневна потрага денеска храбрите нуркачи успејаа да го пронајдат телото на несреќното 29-годишно  момче, кое исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња“, изјави Ангелов.

Исчезнувањето на Ф.Р. (30)  од селото Никуштак е пријавено во ПС Матејче во недела, на 30 јули околу 13.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро Глажња. Од тогаш се трага по лицето на површина од 96,5 ха колку што зафаќа браната Глажња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk