Пуштен во употреба патот Крива Паланка- Деве Баир

23.01.2024 15:34 | Жаклина Цветковска

Денеска и официјално е пуштен во употреба реконструираниот и рехабилитиран магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир.

Пуштен во употреба патот Крива Паланка- Деве Баир

Делницата е во должина од 13 километри, извршена е рехабилитација, санација на пропустите на патот, но и проширување со трета лента. Се работи за инвестиција од 12, 2 милиони евра обезбедени преку грант на ЕУ и поддршка преку ЕБОР.

„Со проширувањето и рехабилитацијата на овој клучен патен правец, дел од паневропскиот Коридор 8, ставаме крај на потешкотиите на граѓаните кои го користеа и овозможуваме побрзо и побезбедно патување до граничниот премин Деве Баир. Веќе го пуштивме во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин, кој се рехабилитираше за прв пат после повеќе од 30 години и каде се вложени околу 12 милиони евра. Во тек се градежните активности на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и сега, со рехабилитацијата на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир го комплетираме источниот дел од Коридор 8“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk