Руралниот туризам нова перспектива за младите од прекуграничниот регион Македонија-Србија

16.05.2023 15:58 | Жаклина Цветковска

,,Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности" е нов проект на СОУ„Митко Пенџуклиски“ од Кратово насочен кон развојот на туризмот и угостителство во еден од најстарите градови на Балканот, препознатлив по непроценливите културни, природни и туристички потенцијали.

Руралниот туризам нова перспектива за младите од прекуграничниот регион Македонија-Србија

 Проектот е дел ИПА програмата  за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Србија,  фунансиран од ЕУ. Партнери на кратовското средно училиште се СШ ''Светозар Крстић-Тоза'' од Вучје (Лесковaц) и Здружението ,,Limitless" од Белград, со целосно поддршка  од Општина Кратово.

„Првата активност е креирање на бренд стратегија за Кратово како туристичка дестинација за рурален туризам насочен кон младите. Процесот ќе трае неколку месеци, а учесници се сите засегнати страни од областа на  туризам и угостителство од Кратово. Со целиот процес управуваат проф. д-р Горан Дашиќ и проф. д-р Александар Дејановииќ од MBS Факултетот  од Белград“, вели координаторот на проектот Младен Мицевски, професор во СОУ„Митко Пенџуклиски“.

 Проектните активности предвивдуваат и  целосно опремување на младински хостел со соби за сместување, кујнски, ресторански дел, младински хаб, магацин за опрема за алтернативни форми на туризам (велосипеди, шатори, вреќи за спиење и др.). Дополнително, проектот опфаќа и креирање на 5-дневен туристички аранжман за млади во Кратово, веб портал за промоција на туристичките компании и вредности на двете општини, обуки за професорите и учениците, апликација за туристички водич на отворено, меѓусебна размена на ученици и други помали проектни активности.

Покрај координаторот  Мицевски, членови на проектниот тим од Кратово се и професорката   Драгана Андреева Јакимова и педагогот  Катерина Ковачевска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk