СДСМ ќе бира нов претседател во општинската организација Липково

30.11.2020 13:18 | KumanovoNews

 До денеска трае повикот на СДСМ за самокандидирање на претседател на Општинската организација во Липково.

СДСМ ќе бира нов претседател во општинската организација Липково

Од партијата повикуваат чесни и угледни индивидуи, членови на СДСМ кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат за претседател на општинската организација.​​​

Кандидатите за претседател треба да изработат квалитетна програма со предлог идеи и проекти за општинската организација и да го почитува Етичкиот кодекс на СДСМ.

Покрај во Липково, претседатели ќе се бираат и во: Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Желино и Боговиње.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk