Сe бараат решенија за непречена изградба на пругата кон Бугарија

04.02.2021 21:06 | KumanovoNews

Изградба на пругата и железничкото поврзување со Бугарија е од огромно економско и политичко значење и е од врвен државен приоритет. За таа цел треба максимално да ги мобилизираме сите расположови ресурси во решавање на предизвиците во овој процес  и да ја искористиме можноста за непречена имплементација и реализација на најголемиот инфраструктурен капиталнен проект, истакна директорот на ЈП Железници Инфраструктура Хари Локвенец на денешниот работен состанок во Крива Паланка.

Сe бараат решенија за непречена изградба на пругата кон Бугарија

На состанокот, на кој присуствуваа претставници од ЈП Железници – Инфраструктура, градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, како и претставници на локалните и државни институции, се работеше на идентификување и детектирање на предизвиците што се јавуваат во третата фаза на трасата за изградба на железничката пруга, а меѓу нив и решавање на проблемите со експропријација и дислокација на објекти.

Детално се разгледани и усогласени сите реални прашања, дилеми и проблеми кои беа нотирани од страна на стучните лица од Oпштината и е договорена понатамошната динамика за нивно тековно решавање.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk