Се реновира СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

07.05.2021 10:56 | KumanovoNews

Во СОУ „Ѓорче Петров“  од  Крива Паланка се реновираат и опремуват повеќе објекти за подобрување на условите за работа и настава.

Се реновира СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

Во моментов се одвиваат  градежни активности за поставување на нова термоенергетска фасада, а во исто време се реконструира и дотраениот покрив на  спортската сала. Со реализација на планираните градежни активности значително ќе се подобрат условите за работа на спортската сала и на придружните кабинети и училници кои се во состав на овој објект.

Во овие зафати се инвестираат 2,7 милиони денари, кои се обезбедени од сопствени извори на средното училиште.

Во изминатиот период опремени се и кабинети за новата здравствена  и угостителска струка, а се реконструира и спортското игралиште во кругот на училиштето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk