Синдикатот најави протест за 2 април поради минималната плата

28.03.2025 20:58 | KumanovoNews

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) најави протести за среда, 2 април по одлуката на Владата минималецот да се зголеми за 1.800 денари, наместо 6.000 колку што бараа синдикалците. 

Синдикатот најави протест за 2 април поради минималната плата

Причина за револт е што одлуката е донесена без учество на работниците, како и поради засилените напади кон самата синдикална организација.

„ССМ излегува на улица на 2 април, онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ е 12:05, имајќи предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информацијата да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата“, истакна Трендафилов.

Тој нагласи дека не се преговара ниту со гранковите синдикати на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено со колективниот договор. Самиот договор предвидува добивање на функционерски плати, просечна плата по коефицинет на сложеност на работата, или зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти нето добивка.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk