Со 4 проекти во вредност од 2,5 милиони евра Крива Паланка аплицираше на вториот владин повик

28.02.2025 10:15 | KumanovoNews

Со четири проекти во вредност од 154 милиони денари (2,5 милиони евра) Општина Крива Паланка аплицираше на вториот јавен повик на Владата за инфраструктурни проекти.

Со 4 проекти во вредност од 2,5 милиони евра Крива Паланка аплицираше на вториот владин повик

Се предвидуваат вложувања во партерно уредување на коритото на Крива Река со средства во висина од 27,8 милиони денари, реконструкција на патен правец кон Калин Камен, проект вреден 61,2 милиони денари, реконструкција на дел од ул„Св.Јоаким Осоговски“, поточно на делот од „Дол Единство“ до спој со магистралата А2, со изградба на атмосферска канализација, во вредност од 61,6 милиони денари и уредување на делови од спортски комплекс – трибини кај фудбалско игралиште, во износ од 3,4 милиони денари.

„Аплициравме со приоритетни проекти, кои се реални за реализација, а веќе имаме комплетна документација. Работиме на подобрување на условите на граѓаните со вложувања во патната, комуналната и спортско-рекреативната инфраструктура“, објаснуваат општинските служби.

Со овие проекти општината ќе разреши децениски проблеми за жителите, вложува во развојот на градот за подобри услови за живот на сите граѓани.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk