Со 5 милиони денари ќе се чисти дивата депонија во Никуштак

25.08.2025 14:37 | KumanovoNews

Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.

Со 5 милиони денари ќе се чисти дивата депонија во Никуштак

Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари и постојаното загадување се голема загриженост за граѓаните од регионот.

Од Буџетот за 2025 година за овој проект се обезбедени околу 5 милиони денари, како и механичка опрема за безбедно управување со отпад. По завршувањето на техничките подготовки, денес започнаа градежните работи на терен.

Министерот Изет Меџити рече, дека санацијата на оваа депонија е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во општина Ликове и околниот регион. Тој нагласи дека нема повеќе време за чекање и дека институциите имаат обврска конкретно да дејствуваат на терен.

Оваа акција претставува важен чекор во напорите за подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните на Липково и целиот регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk