Со реконструкција и проширување на главната улица ќе се решава сообраќајниот метеж во Крива Паланка

24.10.2023 17:15 | Жаклина Цветковска

Крива Паланка ќе добие нов модрен лик и зголемена функционалност на  главна градска улица која е најфрекфентната сообраќајница во градот.

Со реконструкција и проширување на главната улица ќе се решава сообраќајниот метеж во Крива Паланка

Со инвестиција од 40 милиони денари ќе се реализира проектот „Проширување и рехабилатија на централна градска улица од населбата Единство до Соларски Мост“. Средствата се обезбедени од Светска банка и Министерството за транспорт и врски, а министерот Благој Бочварски и градоначалникот Сашко Митовски веќе  потпишаа меморандум за негово успешно спроведување.

„Проектот ќе го промени ликот на централното градско подрачје и ќе придонесе за решавање на  проблемот со сообраќајниот метеж. Ќе биде нов урбан проект со кој сите ќе се гордееме“, истакна Митовски.

Реконструкцијата на главната градска улица е уште еден капитален проект за урбана и модерна општина  за жителите на Крива Паланка.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk