Со средства од Општината ќе се реконструира водоводната мрежа во Младо Нагоричане

13.10.2023 11:39 | Оливера Пешевска

Во селото Младо Нагоричане започна реконструкција на воводната мрежа.  Проектот го финансира Општина Старо Нагоричане во висина од 1.3 милиони денари, а изведувач на работите е Јавното комунално претпријатие „Козјак“.

Со средства од Општината ќе се реконструира водоводната мрежа во Младо Нагоричане

Ова е прва интервенција за обновување и реконструирање, по  33 години, откако е изграден водоводот.

„Поради зачестени дефекти и пукања на цевките се заменуваат старите со нови пумни водови во должина од 1400 метри. Веќе првите 400 метри се завршени, а градежните активности продолжуваат и понатаму. Целокупната должина на водоводната мрежа е 3.6 километри, но за сега се работи само во централниот дел од месноста викана Света Петка, покрај училиштето и долу до реката“, изјави Бобан Цветановски, заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

Воводоводната мрежа во селото е изградена во 1990 година од самопридонес на месните жители. Во 2010 година водоводот е предаден во владение на ЈКП „Козјак“. 

Со последната интервенција надлежните се сигурни дека ќе има трајно решение на проблемот со водоснабдувањето, но не застануваат тука. Цветановски најави и нови проекти кои се во подготвителна фаза за стабилизирање на постоечкиот и проширување на досегашниот водоводен систем, за почеток, во двете најголеми села Младо и Старо Нагоричане. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk