Старо Нагоричане и Крива Паланка ќе добијат средства за инфраструктурни проекти

20.12.2023 07:37 | Сузана Николиќ

Вкупно 31 општина ќе добие поддршка од над 1 милијарда денари или 17 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти од Министерството за транспорт и врски.

Старо Нагоричане и Крива Паланка ќе добијат средства за инфраструктурни проекти

Станува збор средства кои се наменети за изградба и реконструкции на улици, патишта, мостови и други проекти со кои општините ќе го подобрат урбаниот развој.

Во Североисточниот регион ќе се финсираат проекти во општините Старо Нагоричане и Крива Паланка. 

Министерот Благој Бочварски  со градоначалниците вчера во Владата ги потпиша договорите за финанисирање на проектите.

 Проекти ќе се реализираат и во општините: Битола, Берово, Богданци, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Делчево, Дојран, Демир Капија, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Свети Николе, Сарај, Град Скопје, Струмица, Теарце, Општина Центар и Чашка. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk