Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.
Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините согласно економската оправданост и нивните реални потреби.
И Куманово ќе добие дел од електричните автобуси, најави градоначалникот на една од седниците.
На јавниот повик само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, било утврдено дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик.
Од Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информираат јавноста.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk