ТМРО поднесе седум приговори на гласањето во Старо Нагоричане

03.11.2021 10:41 | Сузана Николиќ

До Државната изборна комисија ТМРО поднесе седум приговори на изборниот процес во Старо Нагоричане.

ТМРО поднесе седум приговори на гласањето во Старо Нагоричане

Поднесени се приговори на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182  Челопек, 1.183 во Алгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуљане. 

„Овие избирачки места се на вкупно 1.050 избирачи, а предноста на СДСМ е од 240 гласа, па влијае на конечниот резултат. На овие места по првото броење и направен записник, извршено е второ броење со сосема други бројки, кои во вкупниот збир доведоа до првичните резултати. Преку овластен претставник до ДИК поднесовме седум приговори и бараме отворање и броење на гласачките кутии на овие места“, соопшти ТМРО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk