Утре Компиријада 2023 во Кратово

27.10.2023 12:03 | Жаклина Цветковска

Во Кратово,  утре  (28 октомври), со почеток во 11 часот,  ќе се одржи традиционалната манифестација „Компиријада 2023“.

Утре Компиријада 2023 во Кратово

Штандовите со традиционални и  разновидни специјалитети од компир ќе бидат поставени  пред платото  на Дом на култура “Лазар Софијанов”, а најавени се гости од повеќе градови од Македонија, пред се од средните угостителски училишта во државата.

„Кратово е далеку познат по своите природни убавини, но познат е и по вкусната храна на која ретко кој може да одолее.  Ќе се презентираат богатите трпези со храна од кратовското поднебје, со цел да се промовира коампирот  како градинарска култура кој често е дел од  безброј главни јадења, предјадења, салати,  печива, а понекогаш и десерти“, велат од општината.

Манифестацијата привлекува голем број посетители, кои уживаат во прекрасните специјалиети и декорации од компир.

Во рамките на Компирија 2023 ќе се одржи и културно - забавна програма со настап на познатите Кратовски тамбураши и рок бендови за помладата публика.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk