Вечер на осоговски песни во Крива Паланка

09.07.2021 14:49 | KumanovoNews

На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, вечерва, со почеток до 19 часот , ќе се одржи „Вечер на осоговски песни 2021“, во организација на Националната установа Центар за култура од Крива Паланка.

Вечер на осоговски песни во Крива Паланка

На оваа традиционална манифестација, годинава ќе настапат ансамбли и здруженија од Свети Николе, Демир Капија, Радовиш и Кратово, а Крива Паланка ќе ја претставуваат „Распеани Паланчани“.„На Осоговската вечер ќе биде изведена староградска музика, која ансамблите ја негуваат со своето делување, со цел зачувување на традицијата и културното наследство. На репертоарот се автентични песни од повеќе региони, посветени на личности и случувања од животот и минатото на градовите што ќесе претстават на манифестацијата“, вели директорката на Центарот за култура, Мира Георгиевска.

Вечерта на осоговски песни се одржува секоја година и со неа официјално започнува културното лето во Крива Паланка.(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk