Владата ќе купува 100 нови амбулантни возила

21.08.2025 19:23 | KumanovoNews

На последната владина седница донесена е одлука за набавка на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

Владата ќе купува 100 нови амбулантни возила

Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Македонија, изјави дека нивен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата.

„Таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Новите модерно опремени возила ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата“, изјави Мицкоски

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk