Во Кратово и Ранковце победија кандидатите на опозицијата

31.10.2021 22:22 | Жаклина Цветковска

Кратово и Ранковце добија градоначалници од редовите на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, кои беа во водство и во првиот круг од локалните избори.

Во Кратово и Ранковце победија кандидатите на опозицијата

Нов градоначалник во Кратово е Тодорче Николовски од Социјалистичката партија на Македонија, кој беше поддржан од ВМРО- ДПМНЕ. Тој го победи својот противкандидат Влатко Бојковски од СДСМ, со разлика од околу 1000 гласови.

Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе ја презеде градоначалничката функција во општина Ранковце, по победата над својот противкандидат Даниел Крстевски од СДСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk