Во Крива Паланка само 8 колективни згради имаат заедница на сопственици

19.07.2021 09:40 | Жаклина Цветковска

Од вкупно регистрирани 42 станбени едници во Крива Паланка, само 8 од нив имаат формирано заедница на сопственици.

Во Крива Паланка само 8 колективни згради имаат заедница на сопственици

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ја истакна потребата од регистрирање на лиценцирани управители за вршење на дејностите со управување на станбените згради, како и од избор на лиценцирани инспектори за домување на општинско ниво.

„Можноста за избор на лиценцирани управители, кои ќе ги извршуваат активностите околу управувањето со станбени згради ќе биде од голема корист за станарите“, вели Мицевски.

За овие можности, тој разговараше со претседателот на Регулаторната комисија за домување, Зоран Маџовски.

„Решавањето на проблематиката со колективното домување е голем предизвик и во таа насока сега станарите имаат одлична можност да направат избор на управител, кој добро ќе се грижи и кој ќе ги менаџира проблемите на станарите. Воедно и ќе ги штити од злоупотреба и нарушување на нивните права што се дефинирани во Законот за домување“, истакна Маџовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk