Во наредните три дена без струја делови од градот и повеќе села

13.11.2020 07:20 | KumanovoNews

Денеска и во деновите за викенд во одреден период без струја ќе бидат делови на градот и повеќе кумановски и липковски села.

Во наредните три дена без струја делови од градот и повеќе села

Според ЕВН, планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија денеска од 8 до 15 часот ќе има на   ул. Никола Тесла, селата Речица, Режановце, Костурник, Кратовци, Спомен Костурница, Долно Којнаре, како и правните субјекти Авијатика, Земјоделското училиште, Прмак, Црн бик, Железничка - Речица, Квалитет пром, Детоил 1, Аџитепе, Контрашпед, Бензинска - Ага Ибро, Жмара, Профи Нен, Силекс 2, Свињарска фарма и Речица млин.

Утре (14.11.) од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата Матејче, Никуштак и Виштица.

Во недела на (16.11.) од 08:15 до 11:00 часот, прекин ќе има на улиците Романовска, Страшко Симоново, како и на правните субјекти  Филтер станица, Винарски подрум, Тушевски, Кватро, Биброк и Киро Фетак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk