Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во ноември 2025 година се издадени 304 одобренија за градење, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во Североисточниот регион се издадени најмалку, само 9 одобренија за градба и тоа пет на физички лица и 4 на правни субјекти.
Во Скопскиот регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што следуваат Полошкиот – 55, Вардарскиот – 36, Југозападниот – 29, Пелагонискиот 19 итн.
Предвидена е изградба на 761 стан, од кои 427 во Скопскиот регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, четири во Југоисточниот и три во Североисточниот регион.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk