Во прекин сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка поради сообраќајка

29.11.2025 09:33 | KumanovoNews

Во прекин е сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.

Во прекин сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка поради сообраќајка

„Од 08.30 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата. Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.

Дополнителни информации за нормализирање на сообраќајот ќе бидат објавени по завршување на увидот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk