Во Старо Нагоричане живеe 3501 жител, 71.78% Македонци и 16.71% Срби

30.03.2022 14:13 | Сузана Николиќ

Во општина Старо Нагоричане вкупниот број на резидентно население изнесува 3501 лице, 1346 домаќинства и 3.572 станови, покажаа податоците од пописот во 2021 година, кои беа објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Во Старо Нагоричане живеe 3501 жител, 71.78% Македонци и 16.71% Срби

Од вкупниот број на население 71.78 отсто се Македонци, 16,71 отсто Срби, 0,37 отсто Албанци и 0,09 отсто Роми.
  
Во бројки 2.513 Македонци, од кои 1349 мажи и 1164 жени. 

585 се Срби, мажи 338 и жени 247.

14 се Албанци, од нив 13 жени и 1 маж.

Како Роми се изјасниле 3 лица, 1 маж и 2 жени. 

На пописот во 2002 година во општина Старо Нагоричане имало 4840 жители во 1697 домаќинства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk